Предавачи

Стручни лица за спроведување на програмите за обука во
Академијата

Потребни документи за предавач
  • Предавачите се стручни лица за спроведување на програмите за обука во Академијата.
  • Предавачите можат да бидат предавачи на Академијата и предавачи по потреба.
  • Предавачи на Академијата се домашни и странски судии и јавни обвинители, адвокати и универзитетски професори, кои се ангажираат во програмите за почетна и програмите за континуирана обука на Академијата, нотари, медијатори, извршители и раководни административни службеници.
  • Предавачите на Академијата се определуваат од редот на судиите и јавните обвинители, адвокати или универзитетски професори со осум години работно искуство како судија или јавен обвинител.
  • Предавачи во областа на континуираната обука можат да бидат и членовите на Управниот одбор, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија и директорот на Академијата, без надоместок и истите можат да држат предавања и на слушателите на почетна обука, но без надоместок и право да ги оценуваат слушателите, согласно со општите акти со кои се уредува спроведувањето на почетната обука.
  • Како предавачи во почетна обука не можат да бидат избрани членовите на
    Управниот одбор и нивните заменици, членовите на Комисијата за приемен испит и нивните заменици, членовите на Комисијата за верификација, како и членовите на Комисијата за завршен испит и нивните заменици.
  • Предавачи по потреба се стручни лица кои се ангажираат за одделна обука или циклус на обуки, по определени правни области и теми, како и за обуки за општи комплементарни и неправни области и теми од редот на истакнати стручни лица во односната област за која се ангажираат, медицина, компјутерски технологии, странски јазици, социологија, комуникациски науки, економија, психологија и од други науки, поврзани со темите од програмите за обука.
Потребни услови за предавачи
  • Пополнета пријава за предавач;
  • Кратка биографија (CV);
Пријава за предавач на Академијата
Листа на предавачи