Известување за полагањето на практичниот дел од испитот

Известување за полагањето на практичниот дел од испитот

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на VIII-ма генерација слушатели во почетна обука кои се стекнавте со право да го полагате практичниот дел од испитот,

Ве известуваме дека испитот ќе се полага во следниве термини:

Група 1 - недела  (30.05.2021 година), од 8:00 до 12:15 часот;

Група 2- недела  (30.05.2021година), од 13:00 до 17:15 часот;

Група 3- недела (30.05.2021 година), од 18:00 до 22:15 часот;

Група 4 - понеделник (31.05.2021 година), од 8:00 до 12:15 часот;

Група 5- понеделник (31.05.2021 година), од 13:30 до 17:45 часот;

Група 6 – вторник (01.06.2021 година), од 8:00 до 12:15 часот;

Група 7 – вторник (01.06.2021 година) од 13:30 до 17:45 часот;

Група 8 – среда (02.06.2021 година) од 8:00 до 12:15 часот и

Група 9 – среда (02.06.2021 година) од 13:30 до 17:45 часот.

Во прилог го објавуваме и распоредот на групи.

Полагањето ќе се одржи во просториите на Semos Education, кој  се наоѓаат во Трговскиот Ценар Скопјанка, Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 19 локал 8.

На полагањето треба да се појавите 30 минути пред полагањето, да ја носите Вашата испитна шифра, лична карта или друг документ за идентификација, заштитни маски и ракавици и да се придржувате до Протоколот за полагање од Министерството за здраство кој претходно беше објавен на нашата веб страница.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Директор

Проф. др. Наташа Габер Дамјановска

Вид на обука
Категорија Tековен приемен испит за кандидатите за VIII генерација слушатели