Почитувани, Ви пишувам во врска со појаснување на одреден услов за прием во почетна обука Согласно член 57 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители (“Службен весник на РМ” број 20/2015, 192/2015, 231/2015 и 163/2018) кој заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат, а тоа е условот кој се однесува на : -,, работен стаж од најмалку две години на правни работи по положен правосуден испит”, дали под правни работи е опфатено лице вработено на работно место ,,управител” во ДOОЕЛ друштво со магистратура по правни науки и положен правосуден испит? Ви благодарам на одговорот.