Почитувани,Ве молам за појаснување во однос на потребни документи за пријавување на новиот оглас т.е дали документите кои ги поднесов на претходниот оглас ќе можам да ги подигнам истиот ден кога ќе поднесувам нова пријава заедно со ново лекарско уверение и судско уверение за неосудуваност.Благодарам однапред.Поздрав,Миле Долдуров

Одговор: Доколку сте се пријавиле на огласот за VII генерација слушатели во почетна обука, и сега повторно сакате да се пријавите на новиот оглас, притоа, документацијата сеуште не сте ја подигнале од архивата на Академијата, тогаш, на денот на поднесување на новата пријава ќе треба да ги ажурирате оние документи на кои им истекла важноста, како што се Лекарско уверение и Потврда за неизречена забрана за вршење на дејност. Академијата веќе објави известување по однос на ова прашање и истото во целост можете да го погледнете на Веб страната на Академијата.