Одговор: Сите кандидати кои беа пријавени за прием на VII генерација слушатели во почетна обука чија документација сеуште се наоѓа во архивата на Академијата, истата ќе треба да ја ажурираат само со оние документи на кои им истекла важноста. Во однос на потврдата за работен стаж, доколку со истата на минатиот оглас сте го исполниле условот, тогаш нема потреба од доставување нова. Сите кои го полагаа тестот за англиски јазик во рамки на приемниот испит за VII генерација, ќе треба повторно да го полагаат доколку одлучат да се пријават на огласт за VIII генерација слушатели во почетна обука.