Почитувани, во врска со полагањето на приемниот испит за 8-мата генерација, а во услови на пандемија од вирусот COVID19, ме интересира што ќе се случи доколку во текот на спроведување на испитот, некој кандидат е спречен да полага на закажаниот термин поради тоа што е во самоизолација со Решение од надлежен орган. Дали кандидатот ќе биде прераспределен да полага во друг термин откако ќе биде ослободен од самоизолација или ова би значело елиминација од полагањето на приемниот испит.