Одговор: Согласно законската обврска Академијата ја ревидира и освежува базата во поглед на прашањата и одговорите, за конечноста на истата ќе бидете известени со известување на Веб страната на Академија по што базата нема да претрпи понатамошни промени. Со оглед на тоа што начинот на бодување е регулиран со Законот за АСЈО, и во него нема измени во однос на бодувањето, начинот на бодување останува ист како и претходниот пат.