Почитувани, дали уверението дека не е изречена мерка на безбедност забрана за вршење професија, дејност и должност мора да биде издадено од надлежен суд или може и од Централниот регистар на РСМ?

Уверението дека не е изречена мерка на безбедност забрана за вршење професија, дејност и должност се прифаќа и доколку е издадено од Централниот регистар на РСМ и од надлежен суд.