Koj broj na kandidati ke se primaat na sledniot oglas?

Врз основа на член 56 став 2 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Советот на јавни обвинители на РСМ и Судскиот совет на РСМ имаат донесено одлуки за 97 потребни слободни места во основните судови и основните јавни обвинителства. Академијата има поднесено барање за добивање на финансиска согласност од Министерството за финансии. По добивањето на согласноста, Управниот одбор ќе донесе одлука за објавување на јавен оглас врз основа на член 58 став 1 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.