Кои документи се потребни за јавување на огласот? Благодарам однапред.

Одговор: Условите за прием  во почетна обука се содржани во Член 57 од Законот за Академија. Согласно член 57 од Закон за Академијата сите заинтересирани ќе треба да ги достават следните документи:

  • Уверение и диплома за завршени додипломски и постдипломски студии. Кандидатите кои имаат завршено по ЕКТС програмата, потребно е да ги достават двете уверенија и дипломи –   од циклус – додипломски стидии и од II циклус – магистерски студии.Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно образование – VII/1 степен, потребно е да го достават тоа уверение и диплома. (Како што веќе наведовме во известување на нашата Веб страница, доколку не сте успеале да ја подигнете дипломата во дадениот рок, истата ќе можете да ја доставите дополнително);
  • Уверение за положен правосуден испит;
  • Потврда за работен стаж од најмалку две години на правни работи по положен правосуден испит – За докажување на работното искуство на правни работи по положен правосуден испит, потребно е да доставите доказ од Агенција за вработување на РСМ. Освен тоа за докажување на искуство во работата на правни работи потребно е да се достави и потврда од работодавачот за работа на правни работи;
  • Потврда/Уверение дека не неизречена мерка безбедност, забрана на вршење професија, дејности или должност да не е постаро од 6 месеци
  • Потврда/Сертификат за практична работа со компјутери (MS OFFICE, INTERNET). Се прифаќаат сите сертификати односно потврди:
  • Лекарско уверение издадено од д-р специјалист по медицина на труд да не е постаро од 6 месеци;