1. Кои се членовите на Управниот одбор, со оглед дека на веб страната податоците не се ажурирани, а заради транспарентност на постапката и спречување на судир на интереси ?2. Кои се членови на Комисијата за приемен испит, со оглед дека на веб страната нема никаков податок, а имајќи во предвид дека мандатот на досегашната Комисија е веќе истечен ?

Одговор: Академијата за судии и јавни обвинители редовно ја ажурира својата Веб страница, за сите актуелности и тековни измени кои се однесуваат на активности од делокругот на Академијата. Одговорно тврдиме дека Академијата ги вложува сите напори и ги презема сите потребни дејствија за целата постапка за приемниот испит да помине во најдобар можен ред.

Имено, во насока на доследно почитување на законот, како што веќе стои во едно од објавените известувања на Веб страната на Академијата https://jpacademy.gov.mk/announcements/izvestuvane-do-javnosta/, особено согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси (со нагласок на глава седум), како и правилата на Академијата, а со цел елиминарање на можни неправилности при спроведувањето на приемниот испит, Академијата, води сметка да не постои состојба на судир на интереси.

За таа цел, од Академијата беа доставени укажувања до сите лица кои учествувале, учествуваат и на било кој начин се вклучени во постапката за приемен испит, а имаат блиски лица кои се пријавиле на огласот, да ја известат за тоа Академијата.

Од своја страна, Академијата ќе постапи, така што ќе обезбеди заштита од овие состојби, за да испитот го сочува својот интегритет.

Исто така, информираме дека, укажување беше доставено и до системот за електронско тестирање кој е одговорен за спроведување на испитите, како и до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, како договорен орган кој во име и за сметка на сите институции кои спроведуваат електронски испити е задолжен да ги координира активностите помеѓу системот за електронско тестирање и институциите корисници.

Исто така, Академијата ги достави сите укажувања и до Државната комисија за спречување на корупција.