ЧПП


  Почитуван/а сите фази од испитот ќе се одвиваат исто како за 7ма генерација, со исклучок на испитот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ кој наместо електорнски ќе се полага по писмен пат.

Почитуван/а, без разлика дали сте дали сте поднеле пријава или не, на минатиот оглас, доколку одлучите да се пријавите на овој оглас тогаш треба да доставите нова уплатница за уплатени 1000 мкд. Академијата во своето известување кое е објавено на Веб страницата на Академијата објави распоред се со цел пријавувањето на огласот да биде спроведено на начин на кој ќе се запазат препораките на Владата за заштита и спречување од ширење на КОВИД 19, но секако, ќе Ви биде дозволено да доставите документи и на последниот ден, доколку не сте во можност да поднесете согласно Распоредот.

Почитуван, во врска со Вашите прашања Академијата официјално извести и на својата Веб страна, исто така, одговорите на Вашите прашања можете подетално да го прочитате на Веб страницата, во делот на Често поставувани прашања, каде веќе истите се поставени и одговорени. Да, ги доставувате само оние документи кои се со рок, и истиот е истечен, секако, со уплатница за уплатени 1000 мкд.

Почитуван/а документите можете да ги доставите и преку полномошник. За повеќе информации погледнете ги известувањата на Веб страната на Академијата, или пак одговорите на прашањата кои се веќе поставени каде ќе најдете повеќе и за Вашете прашање.

Почитуван/а со потврдата која ја издава АВРМ се докажува целокупното движење во Вашата кариера.

Почитyван/а со полномошно можете да доставите документи без разлика дали се работи за дополнување или пак за поднесување на целокупната документација, дури и прв пат.

Почитуван/а доколку со доставените документи од 2015 година ги исполнувате условите содржани во  новиот оглас, во тој случај ќе треба да дополните, односно, да ги доставите сите оние документи на кои им е поимнат рокот, како што се Лекарско уверение и Потврда за забрана за вршење дејност, како и Извод од матична книга на родени доколку сте смениле презиме.

Почитуван/а токму од тие причини Академијата во неколку наврати посочи дека работен стаж се докажува со Потврда од АВРМ, Ве молиме посетете ја нашата Веб страна и прочитајте ги одговорите на прашањата или пак известувањата објавени од Академијата.

Почитуван/а се зема предвид првата буква од второто презиме.

Почитуван/а, се мисли на Преглед на регистрирани податоци од матична книга на евиденција, со печат и потпис.

Доколку сте спречени од било кои причини лично да ги доставите документите, истото може да го направи друго лице со полномошно.

Државјанството е трајно и нема рок.

Имјаќи ја предвид целата состојба настаната како последица на пандемијата Академијата предвреме на својата Веб страница објави известување со кое Ве упатува навремено да ја обезбедите потребната документација. Можете да доставите диплома за завршен 1 циклус на студии и Уверение за завршен втор циклус, но дипломата за завршен втор циклус ќе треба да ја доставите во најкус можен рок.

Доколку сте се пријавиле на претходниот оглас и потребно е само да ја дополните Вашата документација со нова пријава, уплатница на износ од 1000 мк и документи на кои им е истечен рокот согласно условите поставени во огласот, истите  можете да ги доставите во ламела 2, притоа,почитувајќи го објавениот Распоред на Веб страната на Академијата, во делот на Известувања, во рамки на известувањето објавено на  24.09.2020 година кое се однесува на јавниот оглас.  Ве молиме прочитајте го Известувањето и погледнете го Распоредот.

Почитвани,   За сите новини Академијата редовно објавува на својата веб страна, за таа цел Ве молиме следете ја Веб страницата на Академијата.

Огласот за прием на VIII генерација слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители сеуште не е објавен. Кога истиот ќе биде објавен ќе бидете известени на веб страницата на Академијата. За таа цел следете ја нашата веб страница која секојдневно се ажурита со новости.

Доколку работодавачот не постои повеќе, можете да приложите потврда за  вкупен стаж на правни работи по полагање на правосуден испит издадена од Агенцијата за вработување на РСМ, договор за вработување со работодавачот, решение за распределување на работно место како и секаква друга документација со која се докажува работното искуство кај работодавачот а Комисијата за приемен испит ќе цени дали документацијата е во согласност со член 57 став 1, алинеја 1 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Врз основа на член 56 став 2 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Советот на јавни обвинители на РСМ и Судскиот совет на РСМ имаат донесено одлуки за 97 потребни слободни места во основните судови и основните јавни обвинителства. Академијата има поднесено барање за добивање на финансиска согласност од Министерството за финансии. По добивањето на согласноста, Управниот одбор ќе донесе одлука за објавување на јавен оглас врз основа на член 58 став 1 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Уверението дека не е изречена мерка на безбедност забрана за вршење професија, дејност и должност се прифаќа и доколку е издадено од Централниот регистар на РСМ и од надлежен суд.

Да, документите можат да се доставт и како копии заверен на нотар.

Одговор: Со цел да аплицирате на новиот оглас, потребно е да поднесете и нова пријава и да уплатите 1000 денари на уплатница. Уплатат од 1000 денар за претходниот оглас се однесувала на тој оглас.

Одговор: Академијата води сметка сите постапки и фази од приемниот испит да бидат спроведени ефикасно и квалитетно, согласно сите законски надлежности.

Одговор: За да се пријавите на јавниот оглас за прием во почетна обука за VIII генерација, кој ќе го распише Академијата, еден од условите е да докажете вкупен стаж на правни работи по полагање на правосуден испит издаден од Агенцијата за вработување на РСМ. Потврдата треба да биде во оригинал со печат и потпис од АВРСМ.

Одговор: Документите за пријавување треба да се достават лично

Одговор: Независно од потврдата прибавена од работодавач, потребно е да се достави и потврда со која се докажува вкупниот стаж од Агенција за вработување. Во случај кога поради склучување на брак има промена на презиме тогаш во прилог на документите задолжително се доставува и Извод од матична книга на венчани.

Одговор: Доколку документите се со важност и со нив се исполнуваат условите за пријавување на огласот, во тој случај истите може да се достават повторно. Документите на кои им е истечен рокот, како на пример: Лекарско уверение од медицина на труд (да не е постаро од 6 месеци) и Уверение за неизречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност (да не е постаро од 6 месеци) треба да се заменат со нови.

Одговор: Академијата за судии и јавни обвинители редовно ја ажурира својата Веб страница, за сите актуелности и тековни измени кои се однесуваат на активности од делокругот на Академијата. Одговорно тврдиме дека Академијата ги вложува сите напори и ги презема сите потребни дејствија за целата постапка за приемниот испит да помине во најдобар можен ред. Имено, во насока на доследно почитување на законот, како што веќе стои во едно од објавените известувања на Веб страната на Академијата https://jpacademy.gov.mk/announcements/izvestuvane-do-javnosta/, особено согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси (со нагласок на глава седум), како и правилата на Академијата, а со цел елиминарање на можни неправилности при спроведувањето на приемниот испит, Академијата, води сметка да не постои состојба на судир на интереси. За таа цел, од Академијата беа доставени укажувања до сите лица кои учествувале, учествуваат и на било кој начин се вклучени во постапката за приемен испит, а имаат блиски лица кои се пријавиле на огласот, да ја известат за тоа Академијата. Од своја страна, Академијата ќе постапи, така што ќе обезбеди заштита од овие состојби, за да испитот го сочува својот интегритет. Исто така, информираме дека, укажување беше доставено и до системот за електронско тестирање кој е одговорен за спроведување на испитите, како и до Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, како договорен орган кој во име и за сметка на сите институции кои спроведуваат електронски испити е задолжен да ги координира активностите помеѓу системот за електронско тестирање и институциите корисници. Исто така, Академијата ги достави сите укажувања и до Државната комисија за спречување на корупција.

Одговор: Уверението за неизречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност треба да не е постаро од  6 месеци. Ве молиме погледнете ги одговорите на веќе поставените прашања на нашата Веб страница, во делот „Често поставувани прашања“ и ќе ги најдите сите детали во однос на потребната документација.
 
Со почит,
 
Академија за судии и јавни обвинители

Одговор: Согласно законската обврска Академијата ја ревидира и освежува базата во поглед на прашањата и одговорите, за конечноста на истата ќе бидете известени со известување на Веб страната на Академија по што базата нема да претрпи понатамошни промени. Со оглед на тоа што начинот на бодување е регулиран со Законот за АСЈО, и во него нема измени во однос на бодувањето, начинот на бодување останува ист како и претходниот пат.

Одговор: Сите кандидати кои беа пријавени за прием на VII генерација слушатели во почетна обука чија документација сеуште се наоѓа во архивата на Академијата, истата ќе треба да ја ажурираат само со оние документи на кои им истекла важноста. Во однос на потврдата за работен стаж, доколку со истата на минатиот оглас сте го исполниле условот, тогаш нема потреба од доставување нова. Сите кои го полагаа тестот за англиски јазик во рамки на приемниот испит за VII генерација, ќе треба повторно да го полагаат доколку одлучат да се пријават на огласт за VIII генерација слушатели во почетна обука.

Одговор: Сите кои полагале тест англиски јазик во рамки на приемниот за VII генерација ќе треба да полагаат тест за англиски јазик повторно од причина што сите испити имаат важност само за конкретната испитна сесија поврзана со тој оглас, па така и тестот за англиски јазик.

Одговор: Се што е поврзано со објавување на огласот, како и за сите понатамошни чекори, Академијата навремено ќе ги објавува на својата Веб страна. За таа цел, Ве молиме редовно да ја следите Веб страната на Академијата.  Во однос на условите и потребната документација погледнете го членот 57 од Законот за Академија, во него е се прецизно објаснето. Исто така, детален одговор на Вашето прашање во однос на документацијата ќе  најдете и во одговорот на 7то прашање објавено во делот ЧПП на нашата Веб страна

Одговор: Да, сите оние кои имаат доставено документи во Академијата на претходниот оглас, и кои не си ги подигнале, а во меѓувреме на некои од документите им истекла важноста, истите можат да ги дополнат на денот на поднесување на нова пријава. Академијата веќе објави известување за ова прашање и истото во целост можете да го прочитате на веб страната на Академијата во делот за ИЗВЕСТУВАЊА.

Одговор: Лекарското уверение од д-р специјалист на Медицина на трудот треба да не е постаро од 6 месеци. Во случај да се поминати 6 месеци ќе треба да извадите ново Лекарско уверение.

Одговор: Условите за прием  во почетна обука се содржани во Член 57 од Законот за Академија. Согласно член 57 од Закон за Академијата сите заинтересирани ќе треба да ги достават следните документи:
  • Уверение и диплома за завршени додипломски и постдипломски студии. Кандидатите кои имаат завршено по ЕКТС програмата, потребно е да ги достават двете уверенија и дипломи –   од циклус – додипломски стидии и од II циклус – магистерски студии.Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно образование – VII/1 степен, потребно е да го достават тоа уверение и диплома. (Како што веќе наведовме во известување на нашата Веб страница, доколку не сте успеале да ја подигнете дипломата во дадениот рок, истата ќе можете да ја доставите дополнително);
  • Уверение за положен правосуден испит;
  • Потврда за работен стаж од најмалку две години на правни работи по положен правосуден испит – За докажување на работното искуство на правни работи по положен правосуден испит, потребно е да доставите доказ од Агенција за вработување на РСМ. Освен тоа за докажување на искуство во работата на правни работи потребно е да се достави и потврда од работодавачот за работа на правни работи;
  • Потврда/Уверение дека не неизречена мерка безбедност, забрана на вршење професија, дејности или должност да не е постаро од 6 месеци
  • Потврда/Сертификат за практична работа со компјутери (MS OFFICE, INTERNET). Се прифаќаат сите сертификати односно потврди:
  • Лекарско уверение издадено од д-р специјалист по медицина на труд да не е постаро од 6 месеци;

Одговор: Прашањата се јавно достапни на Веб страната на Академијата, во делот „Пристап до базата за полагање на испит во Академијата“. Согласно законската обврска Академијата ја ревидира и освежува базата во поглед на прашањата и одговорите, за конечноста на истата ќе бидете известени со известување на Веб страната на Академија по што базата нема да претрпи понатамошни промени.

Одговор: Се што е поврзано со објавување на огласот, како и за сите понатамошни чекори, Академијата навремено ќе објавува на својата Веб страна. За таа цел, Ве молиме редовно да ја следите Веб страната на Академијата.

Одговор: Доколку сте се пријавиле на огласот за VII генерација слушатели во почетна обука, и сега повторно сакате да се пријавите на новиот оглас, притоа, документацијата сеуште не сте ја подигнале од архивата на Академијата, тогаш, на денот на поднесување на новата пријава ќе треба да ги ажурирате оние документи на кои им истекла важноста, како што се Лекарско уверение и Потврда за неизречена забрана за вршење на дејност. Академијата веќе објави известување по однос на ова прашање и истото во целост можете да го погледнете на Веб страната на Академијата.

Одговор: Доколку сте се пријавиле на огласот за VII генерација слушатели во почетна обука, и сега повторно сакате да се пријавите на новиот оглас, притоа, документацијата сеуште не сте ја подигнале од архивата на Академијата, тогаш, на денот на поднесување на пријавата ќе треба да ги ажурирате оние документи на кои им истекла важноста, како што се Лекарско уверение и Потврда за неизречена забрана за вршење на дејност. Академијата веќе објави  известување по однос на ова прашање и истото во целост можете да го погледнете на Веб страната на Академијата. Доколку сте полагале англиски јазик во рамки на приемниот испит за VII генерација, како и останатите испити, така и тестот за англиски јазик има важност само за конкретната испитна сесија.

Почитувани,
 
Ве информираме дека заедно со уверението за завршени додипломски и постдипломски студии задолжително е да се достави и Вашата диплома. Со оглед на тоа дека некои заинтересирани кандидати не известија дека сеуште не ги подигнале своите дипломи, а поради можни процедури на Факултетите нема да бидат во можност да го испочитуваат дадениот рок, истите ќе можат да ги достават дополнително. Сепак, ви препорачуваме навремено да ја започнете постапката за добивање на диплома.
 
Со почит,
 
АСЈО

Не најдовте тоа што баравте. Поставете прашање тука и нашиот тим ќе ви одговори во најкраток можен рок