(мкд) СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА СУДИИТЕ ПОРОТНИЦИ

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА СУДИИТЕ ПОРОТНИЦИ

Ве известуваме дека Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 4 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018, и 96/2019) организира Специјализирана обука за новоизбрани судии-поротници од апелационо подрачје Скопје, која ќе се одржи на 10 и 11 мај 2021 година (понеделник и вторник) на ЛМС веб платформата на Академијата , со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе добијат потврда за завршена обука.

На обуката свои излагања ќе имаат г-а Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје, г-а Лидија Мартинова, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Лидија Таневска Јадровска, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија и г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје (во пензија),

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
• Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
• Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
• Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
• Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
• Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука.

Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат дополнително испратени до сите пријавени учесници.

За дополнителни информации Ве молиме обратете се на следната e-mail адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572