(мкд) СОВЕТУВАЊЕ на тема „Водење на судската расправа во граѓанската постапка “

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) организира онлајн советување на тема  „Водење на судската расправа во граѓанската постапка “  кое  ќе се одржи на 7 декември 2020 година (понеделник) на платформата ЗООМ, со почеток во 10:30 часот.

Советувањето е наменето за судии кои работат на граѓанска материја од сите апелациони подрачја.

Целта на ова советување е пренесување на основни знаења, пред сè на „soft skillsˮ, за носители на правни професии во демократски општества.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Кети Германова, судија на Основен граѓански суд Скопје и г. Даниел Јунг, судија на Покраински суд и доцент на Високата стручна школа за примена на правото во Северна Рајна Вестфалија.

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.