(мкд) СОВЕТУВАЊЕ на тема „Спорови за надомест на штета во врска со осигурување од автоодговорност и регресни побарувања“

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Спорови за надомест на штета во врска со осигурување од автоодговорност  и регресни побарувања“, кое ќе се одржи на 11 декември 2019 година (среда), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 3, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја и адвокати.

 

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Лидија Димова, претседател на Основен суд Велес и г-ѓа Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

 

  • Општи одредби за осигурување од автоодговорност согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и за надомест на штета согласно ЗОО
  • Регресни побарувања согласно Законот за задолжително осигурување од сообраќајот, ЗОО и меѓународни договори
  • Граѓански спорови во врска со регресните побарувања

 

ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

МАТЕРИЈАЛИТЕ кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.