СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Правата на жртвите во кривичната постапка во праксата на ЕСЧП“

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, организира советување на тема: „Правата на жртвите во кривичната постапка во праксата на ЕСЧП“ кое ќе се одржи на 04 декември 2019 година (среда), во просториите на Академијата.

 

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

 

Поздравно обраќање ќе имаат: проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и г-а Челси Шинор, резидентен правен советник, Програма ОПДАТ при Амбасадата на САД.

Предавачи на советувањето ќе бидат: г-а Славица Чубриќ, правен советник од Амбасадата на САД во Скопје, Дарко Павловски, Национален правен советник, Мисија на ОБСЕ во Скопјеи д-р Мирјана Лазарова Трајковска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука

Материјалите кои ќе се презентираат на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1                                        Презентација2