(мкд) Работна средба на диркторот на Академијатa, проф.д-р Габер Дамјановска и министерот за правда, г. Маричиќ

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Денес (04.09.2020 година) директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, во министерството за правда на Република Северна Македонија се сретна со министерот за правда, г. Бојан Маричиќ.

На средбата директорот на Академијата детално го запозна министерот за правда со стратешките цели и планови на Академијата, а фокусот беше ставен на подготовките на Академијата за судии и јавни обвинители и започнувањето на обуката на VII генерација слушатели на Академијата, која оваа година ќе се одвива во услови на Ковид-19.

Воедно, на средбата се дискутираше и околу новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е исклучително важен закон за владеењето на правото и независноста на правосудните органи, имајќи предвид дека Академијата за судии и јавни обвинители е портата за влез во правосудството.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека станува збор за суштински значаен закон кој треба да овозможи влез на нова и силна генерација на слушатели на Академијата која треба да биде носител на промените во правосудството.

Со директорката Габер, министерот Маричиќ дискутираше и околу подобрување на функционалноста на Академијата за судии и јавни обвинители и создавањето посовремени услови за слушателите на обуката.

Основна цел на Законот е ревидирање на начинот на селекција и полагање на приемниот и завршниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за проценка на знаењето на кандидатите.