Director
Проф.д-р Габер-Дамјановска Наташа
Date of birth
09-10-1962
Education
- 1995 Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет Св.Кирил и Методиј – Скопје, докторат по политички науки
- 1990 Правен факултет Јустинијан I, Универзитет Св.Кирил и Методиј – Скопје, магистратура по правни и политички науки
- 1984 Правен факултет Јустинијан I, Универзитет Св.Кирил и Методиј – Скопје, дипломиран правник
- 2019 Обука во рамки на Совет на Европа/Европска Унија хоризонтална програма против организиран криминал, “Симулација на судење: Истрага, прогон и судење на корупциски случаи, перење на пари и финансиски криминал“, Стразбур, Совет на Европа
- 2016 Студиска посета на Уставниот суд на Република Македонија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур
- 2015-2017 Серија обуки за јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур организирани во Уставниот суд на Република Македонија
- 2001 “Креирајќи правни принципи за граѓанските организации“, семинар за македонски судии и адвокати, Чешка Република и САД, УСАИД/ИЦНЛ
- 1999 Харвард Универзитет, Џон Кенеди Факултет за политички науки, Кокалис програма за меѓународно лидерство и економски развој
- 1998 Светска банка, Роберт МекНамара стипендија, 1998 “Невладините организации како извор на голем потенцијал во понатамошниот општествен развој“,Роберт МекНамара стипендиски програм 1997/1998
- 1997 САД студиска посета “Законски правила и принципи за оданочувањето на граѓанските организации“, УСАИД
- 1996 Салцбург семинар сесија 336 “Процесот на Американските претседателски избори“
- 1995 Меѓународен институт за човекови права Рене Касен, Сертификат за учество на 26-та сесија, Стразбур јули 1995 и Серификат за учество при Меѓународниот центар за универзитетска едукација за човековите права, 23-та сесија, Стразбур
- 1994 САД студиска посета, “Правно регулирање на статусот на граѓанските организации“ УСАИД
- 1993 Европски универзитески институт, Летен курс за Европско право, Фиренца, Италија 1993
- 1993 Британски совет/Чивнинг стипендија, Факултет за политички науки, Универзитет во Есекс, Колчестер, Обединето Кралство, учебна година 1993/94
Languages
Македонски, Англиски, Француски, Грчки, Италијански, Германски, Српски, Хрватски, Бугарски
Previous work experience
- 1 април 1985 – 7 октомври 2008 вработена во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања Скопје, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ како помлад асистент па се до редовен професор и научен советник
- 7 октомври 2008-7 октомври 2017 извршување на функцијата судија на Уставниот суд на Република Македонија
- 8 октомври 2017-1 декември 2018 вработена во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања како редовен професор и научен советник, а од 23.01.2018-28.09.2018 и како директор на Институтот
- Од 1 декември 2018 до денес директор на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев“ Скопје
Relevant professional activities
Опис на судските активности
- Остварување на функцијата судија на Уставниот суд на Република Македонија од 7.10.2008-07.10.2017
- Член на националното тело за судски реформи, 2017 (септември-декември), Министерство за правда на Република Македонија
- Член на работната група за законот за медијација, 2018, Министерство за правда
- Коавтор на предистражувањето “Функционалноста и имплементацијата на Деловникот на Собранието на Република Македонија“, NDI и Парлементарниот институт при Собранието на Република Македонија, 2018
- Учество во улога на судија на регионалните MOOT Court натпревари, јуни 2017 во Скопје и октомври 2018 во Битола
- Коавтор во проектот “Политичката култура на граѓаните на Република Македонија“, ИСППИ/ФИООМ 2018
- Автор/член на тимот на Изборниот законик (амендирање) 2018 (ИФЕС и Министерство за правда); автор/член на тимот за Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија (Министерство за правда), изгласан во 2005 година; Автор/член на тимот при Министерството за правда за подготовка на Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија (Министерство за правда), изгласан во 2002 година; Idem, мај 1998 година
- Автор/член на тимот на Законот за локални избори (2004)
- Предавања по уставно право/уставносудска пракса на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев“ во 2014 година
- Автор/член на тимот за Законот за здруженија и фондации, изгласан во 2011 година; Автор/член на тимот за Законот за здруженија на граѓани и фондации, изгласан во јуни 1998 година;
- Експерт/член на тимот за подготовка на Законот за волонтерство и Стратегијата за волонтeрство на Република Македонија 2009-2010
- Член на работната група за изработка на Законот за конфликт на интереси (прв нацрт) 2005 година.
- Член на работната група за изработка на Законот за спречување и заштита од дискриминација (прв нацрт) Министерство за правда и ОБСЕ 2004/2005.
- Член на работната група за изработка на Законот за бучава, Министерство за животна средина, 2002 година
- Можности за примена на Архуската Конвенција во Македонија: Пристап кон информации и учество во процесот на донесување одлуки кои се однесуваат на животната средина, Регионален центар за заштита на човековата околина, студија, 2000 година.
- Правна регулатива против семејно насилство (коавтор на едицијата), Хуманитарна асоцијација за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ХА-ЕСЕ) и Американската адвокатска асоцијација за Централна и Источноевропска правна иницијатива (ABA CEELI), Скопје, 1999 година.
- “Промовирање на човекови права”, (коавторство) учебник за подигање на свеста меѓу децата во основните училишта за човекови права и хуманистички вредности, како и едукација за справување со конфликти и едукација против дискриминација, Црвен Крст на Република Македонија, Меѓународен Комитет на Црвениот Крст и Министерство за образование на Република Македонија 1996-1998 (три изданија).
Publications and written papers
За време на работниот ангажман на УКИМ, во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, е вклучена во околу четириесет проекти поддржани од различни домашни и странски партнери (види погоре). Студиите кои произлегоа од тие истражувања во кое пишување и јас имав свој дел, ја опфаќаа и системско-правната димензија на истражуваните теми. Исто така, за време на мандатот како судија во Уставниот суд на Република Македонија, освен редовната работа, пишувани се и трудови кои главно произлегуваа од искуството стекнато од јуриспруденцијата на Судот. Автор на седум книги, околу триесет студии или делови од студии (коавторство) и дваесет научни трудови. Следи листа на некои позначајни и/или понови публикации:
- “Политичката култура на граѓаните на Република Македонија“, студија,ИСППИ/ФИООМ 2018 (коавторство, македонски јазик)
- “Функционалноста и имплементацијата на Деловникот на Собранието на Република Македонија“, претпроектна студија, NDI и Парлементарниот институт при Собранието на Република Македонија, 2018 (коавторство, македонски јазик)
- “Човекови права“, автор на делот кој ги опфаќа членовите 9 (слобода на мисла, совест и вера), 11(слобода на собирање и здружување) и 2 Протокол Бр.4 на Европската Конвенција за човекови права и основни слободи, ОБСЕ Мисија во Скопје, Скопје, 2018 (македонски јазик)
- “Constitutional Court of the Republic of Macedonia-Practice on Bylaws” –труд, Годишник на ИСППИ, Број 1, 2018 година
- “Владеењето на правото отелотворено во одлуките на Уставниот суд на Република Македонија“, стр.10, 25 години од Уставниот суд на Романија, (труд, англиски), 2017
- “Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности” – колекција на лични издвоени мислења од праксата на Уставниот суд, Македонски центар за меѓународна соработка и ТАКСО (проект на Европската унија), Скопје, март 2016 (македонски јазик)
- “Подзаконските акти низ праксата на Уставниот суд на Република Македонија”, труд по повод 50-годишнината на Уставниот суд на Република Македонија на тема “Современи предизвици на уставното судство“, подтема “Оценка на уставноста и законитоста на подзаконските акти“, Скопје, Септември 18-21, 2014 (македонски јазик)
- “Уставниот принцип на еднаквоста на гласот разгледуван преку стандардите на Европската унија – случајот на исселеничките гласови“ (труд, англиски) Универзитет Американ Колеџ Скопје и Фондација Фридрих Еберт, Осма Годишна меѓународна конференција за Европска интеграција, 2013
- “Дејство и извршување на одлуките на Уставниот суд на Република Македонија” (16 страни), Регионална конференција на уставните судови, Сремски Карловци 5-7 јули 2012 (труд, српски и македонски)
- “Кривичен законик на Република Македонија – преиспитување на член 38д”, Revue Internationale de Droit Penal Vol.83, 2012/1-2, Издавач E.R.E.S, ISBN 9782749232188 (труд, на англиски и француски)
- “Системски карактеристики на Република Македонија анализирани преку Уставот од 1991 и Амандманите од 2001 година”, Меѓународен конгрес за уставно право, Истанбул 11-14 мај 2011 (труд, англиски)
- “Уставните амандмани во Република Македонија – рефлексии на актуелната оптествена и политичка состојба“, Политичка мисла, IDSCS, Konrad Adenauer Stiftung, Година 9, бр.35, Скопје 2011, стр.11-22 (труд, македонски)
- “Учество на граѓанскиот сектор во процесот на донесување закони и креирање политики во Република Македонија”, ЦИРА и Европскиот центар за непрофитно право, 2007, (анализа, македонски)
- “Изборниот систем на Република Македонија – актуелни дилеми“, Годишник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, бр.1, 2007 година стр.169-188 (коавторство, македонски)
- Проектот “Јавното мислење за верското образование во Република Македонија“, авторство на дел од студијата, ФИООМ 2007 година
- Проектот “Локален развој на заедниците“, студија, коавторство, Македонски центар за меѓународна соработка, 2006/2007
- Автор на студијата “Истражување за мрежите, коалициите и чадорските организации во Република Македонија“, Македонски центар за меѓународна соработка 2007
- Трудот "Relations of the Civil Society Sector and the Business Community", Der Donraum, Vienna 2006
- „Партиципацијата на граѓанскиот сектор во процесот на креирање на политики во Република Македонија“, анализа, Македонски центар за меѓународна соработка, 2005
- Во проектот „Општествена проценка на здравствениот систем на Република Македонија“, пишување на дел од студијата, Министерство за здравство, Фонд за здравство, 2004 година
- Во книгата „Функционирање на системот на локалната самоуправа во Република Македонија“ текстот “Системот на локалната самоуправа во Република Македонија наспрема невладиниот сектор“ стр.231-244, ИСППИ 2004
- Во книгата “Финансирање на граѓанските организации од страна на државата“ трудот “Државно финансирање на невладиниот сектор во Република Македонија“, стр.9-24, МЦМС, 2004
- Трудот “Political Parties in the Republic of Macedonia”, во книгата “Political Parties and Consalidation od Democracy in South Eastern Europe”, (коавторство) Friedrich- Ebert- Stiftung, Institute for Political and Legal Studies, Sofia, 2004
- “Во потрага по изборен модел адекватен за Република Македонија“, Macedonian Affairs, Vol.IV, No.3, 2003, Macedonia Information Centre (труд во коавторство, англиски јазик)
- “A New Balance: Democracy and Minorities in Post-Communist Europe”, Edited by Monica Robotin and Levente Salat, научниот труд “Minorities in the Political Life in the Republic of Macedonia”, p.41-64, LGI Books 2003
- Во проектот „НВО и бизнис-секторот работат заедно за подобрување на фискалната (законска) политика“ (студија, коавторство), Детска амбасада Меѓаши и Британска амбасада, 2002 година
- "Transformation of the Macedonian Political System and Inclusion of Ethnic Groups", SEER, Nomos, Vol.7- No 1 (pp 87-97) 2002, (труд, коавторство)
- "Macedonian Census Results- Controversy or Reality?", SEER (South East Europe Review for Labour and Social Affairs), Nomos, Vol.7- No 1, (pp 99-110) (Коавторство), 2002
- Пишување на редовни правно-политички анализи во врска со тековните состојби за списанието Eurobarometer Macedonia, од јуни 2001 до декември 2012, Friedrich Ebert Stiftung, (коавторство, англиски јазик)
- "Здруженија на граѓани и фондации" (коавторство), Правен факултет “Јустинијан I", ICNL, USAID, Скопје 2001 (факултетски учебник, македонски)
- Во проектот “Јавното мислење за здравствените реформи“, дел од студијата ИСППИ, Министерство за здравство, Светска Банка 2002
- Во проектот „Стратегија за намалување на сиромаштијата во Република Македонија“, авторски дел во студијата за граѓанските организации и партиципацијата во процесот на донесување на одлуки, ИСППИ, 2000
- Во проектот „Изворите и факторите на меѓуетничката (не)толеранција во процесите на образованието“, автор на дел од студијата, ИСППИ/ОБСЕ, 2000
- Во проектот „Политичката култура на граѓаните на Република Македонија“, авторство на дел од студијата, Министерство за образование и наука, ИСППИ, 1999
- Коментар на Законот за здруженија на граѓани и фондации (коавторство) МЦМС/ICNL Скопје, 1999, (македонски и англиски)
- “Улогата на мнозинството во политичката реалност”, ЛИСТ, Скопје, 1997 (книга, македонски)
- “Директни избори за Претседател на Република Македонија – потреба или не?” (труд, коавторство, македонски), ИСППИ Годишник 2010
- “Позицијата на Уставниот суд во политичкиот систем на Република Македонија“, Годишна меѓународна конференција, Ерменија, Ереван, 2009 (труд, англиски)
- Проектот „Јавното мислење за корупцијата во Република Македонија“, авторство на дел од студијата за потребите на Државната комисија за спречување на корупцијата, Совет на Европа, 2005/2006
Description to other professional activities
Избран редовен професор и научен советник, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ – Скопје (2006-2008) на предметите: “Граѓанско општество-карактеристики и правна рамка“ и “Политичко одлучување“. Од 2018 повторно е превземен предметот “Граѓанско општество“. На 31.03.2006 преизбрана во наставно-научно звање научен советник од областа на правните науки (Билтен на Универзитетот бр.894). До 2008 година предавала “Introduction to Politics“ и “Contemporary Political Systems“ на англиски јазик и “Глобализација и светска политика“ и “Избори и човекови права“ на македонски јазик на University American College-Skopje, како и “Граѓанско општество – правна димензија“ во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Постојано учество и/или раководење со истражувања во периодот на работа во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања за различни домашни и странски партнери: агенции на Обединетите нации, Европската Унија, Светска Банка, ОБСЕ, УСАИД, ИРИ, НДИ, ОСИ, Фондација Фридрих Еберт, Фондација Конрад Аденауер, домашни граѓански организации, универзитети-партнери и др. Бев вклучена во пишување на научни трудови, студии, анализи, извештаи, национални стратегии, стратешки документи и академски предавања. Темите главно се однесуваа на: справување со конфликти, избори, човекови права (слобода на движење, мирно собирање, родова еднаквост, детски права, Роми, здравство, етничка и верска припадност, малцинства, женски права, животна околина), граѓанско општество, политички систем, мир и стабилност. Следи листа на подготвените стратегиски документи:
- Член на тимот за подготовка на државната Програма за превенција и сузбивање на корупцијата, Столб: Политички систем и правосудство, 2007.
- Автор на Стратегијата за соработка на владата со граѓанскиот сектор со акциски план за спроведување (2007-2011), Влада на Република Македонија, Генерален секретаријат, Одделение за соработка со невладините организации, ЕАР и МЦМС, 2007
- Автор (во коавторство) на Националната стратегија за Ромите во Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика, 2004/2005.
- Автор (во коавторство) на Националната стратегија задомување на Република Македонија (делот по однос на правниот аспект), Министерство за транспорт и врски, 2005.
