Почитувани, во врска со новиот оглас за прием на слушатели за кандидати кои аплицирале на огласот минатата година, сакам да прашам:- дали се важечки лекарското уверение и уверението за неосудуваност и – дали е важечки тестот за англиски јазик кој го полагавме минатата годинаблагодарам

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Одговор: Доколку сте се пријавиле на огласот за VII генерација слушатели во почетна обука, и сега повторно сакате да се пријавите на новиот оглас, притоа, документацијата сеуште не сте ја подигнале од архивата на Академијата, тогаш, на денот на поднесување на пријавата ќе треба да ги ажурирате оние документи на кои им истекла важноста, како што се Лекарско уверение и Потврда за неизречена забрана за вршење на дејност. Академијата веќе објави  известување по однос на ова прашање и истото во целост можете да го погледнете на Веб страната на Академијата. Доколку сте полагале англиски јазик во рамки на приемниот испит за VII генерација, како и останатите испити, така и тестот за англиски јазик има важност само за конкретната испитна сесија.