Одговор: Доколку документите се со важност и со нив се исполнуваат условите за пријавување на огласот, во тој случај истите може да се достават повторно. Документите на кои им е истечен рокот, како на пример: Лекарско уверение од медицина на труд (да не е постаро од 6 месеци) и Уверение за неизречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност (да не е постаро од 6 месеци) треба да се заменат со нови.