(мкд) СООПШТЕНИЕ

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани,

 

Ве известуваме дека денес преку видео-конференциска врска се одржа конститутивната седница на новиот Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

На седницата беа верификувани мандатите на следниве членови и заменици членови  на Управниот одбор на Академијата:

д-р Лазар НАНЕВ, претседател на ОС Кавадарци, член на УО назначен од ССРСМ;

Тодор ПОП-ПАНЕВ, Претседател на ОС Свети Николе, заменик-член на УО, назначен од ССРСМ;

Осман ШАБАНИ, судија на Основен кривичен суд Скопје, член на УО, назначен од ССРСМ;

Хасан АСАНИ, Претседател на ОС Тетово, заменик-член на УО, назначен од ССРСМ;

Мери ТРОМБЕВА, Јавен обвинител на ВЈО Битола, член на УО назначена од СЈОРСМ;

Миле ПЕТКОВ, Јавен обвинител на ОЈО Струмица, заменик-член на УО, назначен од СЈОРСМ;

Вјолца ЕЛМАЗИ, јавен обвинител во ВЈО Гостивар, член на УО назначена од СЈОРСМ;

Ниху ЈУСУФИ, Јавен обвинител во ВЈО Гостивар, заменик-член на УО, назначен од СЈОРСМ;

Цветанка ПЕРИЌ, Судија на Врховен суд, заменик член на УО, назначена од Врховен суд на РСМ;

Бодан ЛАЗАРЕВСКИ. Јавен обвинител во ЈОРСМ, член на УО, назначен од ЈОРСМ;

Исмаил ДАРЛИШТА, Јавен обвинител во ЈОРСМ, заменик-член на УО, назначен од ЈОРСМ;

Д-р. Џемали САИТИ, Судија на Врховен суд, член на УО, назначен од Здружение на судии на РСМ;

Емилија ШОПАР ЈОВАНОВА, Судија на Основен Граѓански суд Скопје, заменик-член на УО, назначена Здружение на судии на РСМ;

Сашо РАЈЧЕВ, Јавен обвинител на ОЈО Скопје, член на УО, назначен од Здружение на јавни обвинители на РСМ;

Елизабета МИШЕВА ЈОРДАНОВА, јавен обвинител на ОЈО Кавадарци, заменик-член на УО, назначена од ЗЈОРМ;

Валентина ШАУРЕК, Државен советник за Правосудство, Член на УО, назначена од Министерот за правда;

д-р Љубица КАРАМАНДИ ПОПЧЕВСКИ, државен советник во МП, заменик-член на УО, назначена од Министерот за правда.

Воедно, на седницата за претседател на Управниот одбор беше избран Д-р Лазар НАНЕВ, а за заменик-претседател Вјолца ЕЛМАЗИ.