Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на VIII генерација кои го полагавте испитот (писмен и устен дел),
Ве известуваме дека од вкупно 263 кандидати кои се стекнаа со право да го полагаат испитот, 251 кандидат го полагаа писмениот дел од испитот а 12 кандидати не се појавија на писмениот дел.
Од вкупно 251 кандидати, кои го полагаа писмениот дел од испитот, усно полагаа 229 кандидати, 19 кандидати воопшто не се појавија на полагање, а 3 кандидати се откажаа на самиот испит
Врз основа на член 87 став 1 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители (,,Службен весник на РМ’’ број 20/2015, 192/2015, 231/2015 и 163/2018), Комисијата за приемен испит при Академијата за судии и јавни обвинители ја утврди следнава прелиминарна ранг листа.