(мкд) Објавување на прелиминарна ранг листа

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во VIII генерација слушатели во почетна обука кој во периодот од 22-27.12.2020 година, го полагавте Квалификацискиот тест,

Ве известуваме дека во прилог ја објавуваме Прелиминарната ранг листа од Квалификацискиот тест.

Исто така, Ве известуваме дека дополнително ќе полагаат оние кандидати  кои се наоѓаат во изолација поради корана вирусот (Covid 19), во термин согласно решенијата за изолација кои ги доставија до Комисијата за приемен испит.

Во насока на неодолговлекување на испитниот процес, Комисијата на денешната седница одлучи, да не се чека останатите кандидати да полагаат па да се објават резултатите од квалификацискиот тест, од причина што против резултатите е дозволен приговор. Исто така, на истата седница, Комисијата одлучи започнувајќи од ден 28.12.2020 (понеделник) па се до 30.12.2020 година (среда), да им дозволи на кандидатите кои го полагаа тестот, доколку сакаат да извршат увид во нивниот тест. Увидот ќе се врши во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители (ламела 1), во горенаведените денови со почеток во 9:00 часот до 19:00 часот, по редоследно запишување во список и добивање на број, а притоа почитувајќи ги протоколите за спречување на ширењето на КОВИД-19. За таа цел, Ве замолуваме, при вршењето на увид во тестовите да носите заштитна маска и ракавици, како и да одржувате растојание.

 

Со почит,

Директор,

Проф. др Наташа Габер Дамјановска