(мкд) Известување за текот на управно-судската постапка за VIII-та генерација слушатели во почетна обука

Sorry, this entry is only available in Macedonian and Shq. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in this site default language. You may click one of the links to switch the site language to another available language.

Почитувани кандидати кои го полагавте испитот за прием во почетна обука за VIII генерација,

Во интерес на транспаретно известување на сите Вас кои го полагавте испитот, како и на целата јавност која е заинтересирана за текот на приемниот испит, Ве известуваме дека дел од постапките пред Управниот и Вишиот управен суд сеуште се во тек.

Имено, од 46 (четириесет и шест) тужби до Управниот суд, 27 (дваесет и седум) предмети се правосилно завршени без жалби до Вишиот управен суд. Од останатите 19 (деветнаесет) предмети 9 (девет) предмети се правосилно завршени со Пресуди од страна на Вишиот управен суд. Во Вишиот управен суд се наоѓаат уште 3 (три) предмети, 2 (два) предмета се во Управниот суд, 1 (еден) предмет е административно вратен во Управниот суд од страна на Вишиот управен суд и 4 (четири) предмети се правосилно  одлучени од Вишиот управен суд и пратени до Управниот суд, кој треба да ги достави до Академијата за судии и јавни обвинители и тужителите.

Ве известуваме дека веднаш по окончување на управно судската постапка, односно по приемот на сите пресуди од Управниот и Вишиот управен суд, Комисијата за приемен испит ќе одржи седница и  ќе ги објави  ранг-листата со конечните резултати на кандидатите кои го полагале испитот  и ранг-листата на слушатели на почетна обука и идните слушатели ќе можат да почнат да ја следат почетната обука најрано по истекот на отказниот рок од 30 денови од објавување на ранг – листата на слушатели во почетна обука.

На крајот Ви се заблагодаруваме на трпеливоста и Ве замолуваме да ја следите нашата веб-страница каде што навремено ќе бидете известени за сите новости.

Со почит,

            Академија за судии и јавни обвинители

                                    Директор

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска