(мкд) Известување за полагање на тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2020/2022 година,

Ве известуваме дека тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ (англиски, француски или германски јазик) ќе се одржи на 28 и 29 ноември 2020 година (сабота и недела).

Ве замолуваме да ја следете нашата веб страна, бидејќи во делот ИЗВЕСТУВАЊА за Почетна обука (Обуки/Почетна обука) навремено ќе бидете известени за термините, распоредот на групи и местото на полагање на тестот како и за сите останати новости поврзани со приемниот испит.

Ви посакуваме успех во полагањето.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

                        Директор,

Проф.д-р Наташа Габер Дамјановска