(мкд) Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019-2021 година

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019-2021 година кои го полагавте писмениот дел од испитот ве известуваме дека првите три дена од усниот испит ќе се одвиваат по следниов распоред:

14.11.2019 (четврток) со почеток од 12 часот – од реден број 1 до 20;

15.11.2019 (петок) со почеток од 10 часот – од реден број 21 до 50;

16.11.2019 (сабота) со почеток од 10 часот – од реден број 51 до 80;

За распоредот за полагање за останатите денови, кандидатите ќе бидете известени во петок (15.11.2019 година).

Испитот се состои од практичен (писмен) дел и устен дел и се оценува со оценка од „1” до „ 10” (практичниот дел од „0” до „8” и усниот дел од „0” до „2” бодови). Согласно член 27 став З од Правилникот за полагање приемен испит се смета дека кандидатот кој добил оцена „4” или пониска оценка (на писмениот и усниот дел) не го положил испитот.

Врз основа на член 87, по завршувањето на усниот дел од испитот, Комисијата за приемен испит ќе ја објави прелиминарната ранг листа од двата дела од испитот.

 

Со почит

Проф.д-р. Наташа Габер Дамјановска