(мкд) Академијата за судии и јавни обвинители ги подготвува просториите во пресрет на отпочнување на обуката за VII генерација на идни судии и јавни обвинители

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Во пресрет на отпочнувањето на обуката за VII генерација на идни судии и јавни обвинители која треба да започне на 17 септември 2020 година со нивно физичко присуство, Академијата работи со забрзано темпо со цел да обезбеди соодветни простории, кои ќе понудат висока здравствена заштита и во кои ќе можат доследно да се испочитуваат мерките и препораките издадени од страна на Владата на РСМ во насока на превенција и заштита од ширење на вирусот КОВИД 19.

 

 

Академијата ги зема предвид сите препорачани мерки па за таа цел, освен потребната дистанца помеѓу слушателите, набави и: заштитни маски од висок квалитет (КН 95), визери, средства за дезифекција на раце, мерачи на телесена температура, УВ ламби и заштитни пултови.

 

 

Академијата редовно ги следи препораките и мерките издадени од Владата на Република Северна Македонија и подготвена е да се адаптира на нив.