Распоред за полагање на тестот за интегритет

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на VIII-ма генерација слушатели во почетна обука кои успешно го положивте психолошкиот тест,

Ве известуваме дека полагањето на тестот за интегритет ќе се одржи на деновите 27.03.2021 и 28.03.2021 година (сабота и недела) во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје во следниве термини:

  1. група, 27.3.2021 (сабота), од 9:00 до 11:00 часот;
  2. група, 27.3.2021 (сабота), од 11:30 до 13:30 часот;
  3. група, 27.3.2021 (сабота), од 14:00 до 16:00 часот;
  4. група, 28.3.2021 (недела), од 9:00 до 11:00 часот и
  5. група, 28.3.2021 (недела), 11:30 до 13:30 часот;

Во прилог го објавуваме и распоредот по групи за полагање.

 

          Воедно, Ве известуваме дека на полагањето со вас треба да ја носите Вашата испитна шифра како и лична карта или друг документ за идентификација, како и заштитна маска, ракавици и да се придржувате до Протоколот за полагање од Министерството за здравство. Исто така, на полагањето треба да дојдете 30 минути пред терминот определен за полагање.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Директор

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска