Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на VIII-ма генерација слушатели во почетна обука,
Ве известуваме дека полагањето на психолошкиот тест ќе се одржи во сабота и недела (27.02.2021 и 28.02.2021 година) во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје во следниве термини:
- 1. група (27.2.2021) 9.00-12.00
- група (27.2.2021) 12.00-15.00
- група (27.2.2021) 15.00-18.00
- група (28.2.2021) 9.00-12.00
- група (28.2.2021) 12.00-15.00
Во прилог го објавуваме и распоредот по групи за полагање.
Воедно, Ве известуваме дека на полагањето со вас треба да ја носите Вашата испитна шифра како и лична карта или друг документ за идентификација, како и заштитна маска, ракавици и да се придржувате до Протоколот за полагање од Министерството за здравство. Исто така, на полагањето треба да дојдете 30 минути пред терминот определен за полагање.
Со почит,
Академија за судии и јавни обвинители
Директор
Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска