Почитувани,
Со цел да се дополни листата на можни предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители се објавува јавен повик согласно измените на Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“, бр. 20/15, 192/15, 231/15, 163/18).
Ги повикуваме сите заинтересирани кои не се на постојната листа на предавачи, а ги исполнуваат објективните услови предвидени во Законот да се пријават по овој јавен повик.
Согласно член 44 став 1 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“, бр. 20/15, 192/15, 231/15, 163/18) предавачи на Академијата се домашни и странски судии и јавни обвинители, адвокати, нотари, медијатори, извршители, раководни административни службеници и универзитетски професори, кои се ангажираат во програмите за почетна и програмите за континуирана обука на Академијата. Исто така можат да бидат и лица кои имаат завршена обука за тренинг на предавачи организиран од Академијата.
Соглано Законските услови кои треба да ги исполнуваат заинтересираните, наведени во член 44 став 1 по повикот за предавачи на Академијата потребно е да приложат:
– Биографија од која може да се потврди дека имаат најмалку 8 (осум) години работно искуство во областа за која се пријавуваат за предавачи;
– Потврда дека со правосилна пресуда не се осудени за кривично дело на безусловна казна затвор од шест месеци;
– Потврда дека со правосилна пресуда не им е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност за кривично дело или прекршок поврзани со злоупотреба на судиската или јавнообвинителската фуккција;
Заинтересираните за можни предавачи на Академијата, пополнетиот образец (пријава) за предавач на Академијата заедно со кратко CV (биографија) и погоренаведените потврди потребно е да ги достават најдоцна до 29.02 2020 година на следната адреса Бул. „Јане Сандански“ бр. 12, Скопје, по пошта или е-маил info@jpacademy.gov.mk, а за сите дополнителни информации, контактирајте нé на тел. 02/2401-577 и 02/2401-578.
Образецот на пријава за предавачи на Академијата можете да го преземете со еден клик на следниот линк: Пријава за предавач
Ве молиме, за поголема прегледност, по можност образецот да го пополните по електронски пат.
Академија за судии и јавни обвинители
Павел Шатев
Проф. Д-р Наташа Габер Дамјановска