Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019-2021

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019-2021 , кои ќе го полагате практичниот дел од испитот, ве известуваме дека согласно Законот за академијата, откако претседателот на Комисијата, ќе го објави почетокот на полагањето, не се дозволува влегување на кандидатите во просторијата во која се одвива полагањето.

За таа цел, Ве молиме да бидат присутни пред просториите најмалку 30 минути пред објавениот термин во кој полагате, согласно претходно објавените групи и термини.

Упатството за полагање на практичниот дел од испитот, можете да го прочитате на следниот линк.

Упатство за полагање на практичниот дел на испитот

Со почит,

Проф д-р. Наташа Габер Дамјановска,

Директор на

Академијата за судии и јавни обвинители