Почитувани кандидати кој го полагавте испитот за прием во почетна обука за VII генерација

Почитувани кандидати кој го полагавте испитот за прием во почетна обука за VII генерација,

Ве известуваме дека Комисијата денес ја одржа 44та седница за што во прилог е следново известување од претседателот на Комисијата

Со почит,

Проф. д-р. Наташа Габер Дамјановска

 

Предмет: Известување од Комисијата за приемен испит

Комисијата за приемен испит на 44 седница, одржана на 28.01.2020 година, по извршен преглед во сите делови од испитот, со оглед дека на 07.11.2019 година, беше објавена Конечната ранг листа од квалификацискиот испит, по завршување на постапката по приговори и по жалби по испитот (писмен и усен дел), изврши увид и проверка во бодирањето и вкупно освоените бодови. Врз основа на одлуките на Комисијата и Управниот одбор, Комисијата изврши увид и во корекцијата на бодовите, со што ја утврди следната прелиминарна листа од испитот (писмен и усен дел) која можете да ја преземете од следниот линк.

Воедно Ве известуваме дека, со објавувањето на оваа прелиминарна листа од испитот, се констатира завршување на управната постапка, односно нејзина конечност.

Во моментот по повод заведени тужби од кандидатите, тече управно-судската постапка, по чие правосилно завршување, Комисијата ќе утврди завршна оцена согласно член 87 став 1 од Законот, и ќе ја објави ранг листата на слушатели во почетна обука за VII генерација.

Со почит,

Скопје, 28.01.2020 година Претседател,

Судија Весна Јовановска

Прелиминарна листа од испитот