Објавување на конечни резултати од тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во VIII-та генерација слушатели на почетна обука,

по завршувањето на полагањето на тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ на оние кандидати кои беа во изолација поради корона вирусот, во прилог ја објавуваме конечната ранг листа на положени и неположени кандидати. Листата можете да ја видите ТУКА.

Согласно резултатите, од вкупно 484 кандидати кои имаа право да го полагаат тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ, истиот успешно го положија 368 кандидати и со тоа се стекнаа со право да го полагаат квалификацискиот тест.

Воедно, Ве известуваме дека квалификацискиот тест ќе се одржи во предвидените термини од Временската динимика (од 22 до 27 декември 2020 година), а распоредот по групи ќе биде дополнително објавен на нашата веб страница.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Директор

Проф.д-р Наташа Габер Дамјановска