Известување за тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во VIII-ма генерација слушатели во почетна обука за генерацијата 2020/2022 година, Ве известуваме дека денеска Комисијата за приемен испит ја одржа 5-тата седница при што констатираше дека од вкупно 497 пријавени кандидати, пријавите на 482 кандидати се уредни, 13 се отфрлени како неуредни и 2 пријави се повлечени, што значи дека тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ имаат право да го полагаат вкупно 482 кандидати. Исто така, Комисијата ги утврди следниве термини за полагање на тестот: Сабота (28.11.2020 година):

  • Прва група од 8:30 до 10:00 часот;
  • Втора група од 11: 00 до 12:30 часот и
  • Трета група од 13:30 до 15:00 часот.

Недела (29.11.2020 година)

  • Прва група од 8:30 до 10:00 часот;
  • Втора група од 11: 00 до 12:30 часот и
  • Трета група од 13:30 до 15:00 часот.

Воедно ве известуваме дека тестот за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ (англиски француски или германски) ќе трае 90 минути и ќе се состои од 100 прашања а секое прашање ќе содржи 3 понудени одговори, од кои 1 одговор е точен и носи 1 бод, а другите 2 понудени одговори се неточни и носат 0 бодови. За да го положите тестот потребно е да одговорите точно на најмалку 55 прашања. Притоа, Ве замолуваме на денот на полагање да носите заштитна маска и заштитни ракавици и да ги почитувате сите мерки и препораки за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи во спротивно нема да Ви биде дозволено да го полагате тестот.   За таа цел во прилог ги објавуваме  Протоколот за полагање од Министерството за здраство како и Протоколот изработен од Правниот факултет „Јустинијан први“- Скопје , каде што ќе се одвива полагањето. Ве замолуваме да дојдете на полагањето 30 минути пред почетокот на полагањето, а распоредот за полагање по шифри на кандидати ќе биде објавен во текот на утрешниот ден. Со почит, Академија за судии и јавни обвинители Директор, Проф.д-р Наташа Габер Дамјановска