Известување за постигнати резултати во рамки на Теоретска настава на слушателите на VII генерација почетна обука

Академијата за судии и јавни обвинители ги известува сите слушатели на почетна обука од седмата генерација кои во моментов го следат Модул 3 од теоретската настава во Академијата, дека резултатите од писмените работи – есеи, домашните работи, контролните тестови и тестовите за проверка на знаењето од Модул 1 и Модул 2 можат да ги преземат на следниот линк.

По завршување на Модул 3, односно, по реализацијата на писмената работа – есеј, домашната работа, контролниот тест и тестот за проверка на знаењето од Модул 3 ќе следи објавување на конечната ранг листа со резултати од теоретската настава.

По објавување на конечната ранг листа со резултати од теоретската настава, согласно член 96 став 2 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители (Службен весник на РМ број 20/2015, 192/2015, 231/2015, 163/2018) слушателите на почетната обука кои се повисоко рангирани на ранг-листата од теоретската настава имаат право да се определат за вршење на професијата судија или јавен обвинител до пополнување на местата за судија или јавен обвинител, а другите слушатели од ранг листата се распоредуваат на преостанатите места за судија, односно јавен обвинител.