Известување за полагање на писмениот дел од испитот

Почитувани кандидати за слушатели за VIII генерација на почетна обука, кои се стекнавте со право да го полагате писмениот дел од испитот, Ве известуваме дека истиот ќе се одржи во периодот од 21.04.2021 година (среда) до 25.04.2021 година (недела), за што дополнително ќе бидете известени за термините и распоредот на групите за полагање. За таа цел редовно следете ја нашата Веб-страница во делот кој е предвиден за тековениот приемен испит за кандидатите за VIII генерација слушатели во почетна обука.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Директор

Наташа Габер Дамјановска