Известување за поднесување на приговори

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на VIII генерација слушатели во почетна обука, кои го полагавте квалификацискиот тест, имајќи предвид дека Прелиминарната ранг листа беше објавена во недела (27.12.2020 година), доцна во 23:50 часот, Ве известуваме дека доколку сакате да вложите приговор против резултатите од квалификацискиот тест, истото ќе може да го сторите и утре (31.12.2020 година). Притоа, Ве известуваме дека доколку приговорот  го поднесувате лично во просториите на Академијата, истиот може да го поднесете до 12:00 часот, а доколку го поднесувате до една од електронските адреси кои беа објавени на веб страницата на Академијата истиот може да го поднесете до 00:00 часот.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Директор,

Проф. др. Наташа Габер Дамјановска