ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОТКАЖАНИ НАСТАНИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Согласно Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија од 10 март 2020 година во врска со потребата од преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), а со цел превенција и ширење на овој вирус, Академијата за судии и јавни обвинители ги откажува сите закажни настани заклучно со 24 март 2020 година.

Академијата во континуитет ќе ги следи препораките на Владата и навремено ќе известува за чекорите кои ќе ги презема во однос на настаните кои ги организира. За таа цел следете ја Веб страната на Академијата.