Известување за одложување на полагањето на писмениот дел од испитот

Почитувани кандидати кои се стекнавте со правото да го полагате писмениот дел од испитот,

имајќи го предвид растот на бројот на случаи заразени со корона вирусот, продолжувањето на полицискиот час на територијата на целата држава како и тоа што Владата на РСМ не дозволи да се полага во сабота и недела (24 и 25 април 2021 година) и со тоа не може да се обезбеди континуитет во полагањето, Ве известуваме дека писмениот дел од испитот кој беше закажан од 21 април до 25 април се одложува. За новите термини за полагање ќе бидете дополнително известени.

Истовремено, Академијата интензивно работи на изнаоѓање на начин за полагање на следниот дел од Приемниот испит во најбрз можен рок. За таа цел редовно следете ја нашата веб страница.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Директор

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска