ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБУКИ

Во насока на исполнување на својата дејност согласно Законот за  Академија за судии и јавни обвинители,  да спроведува континуирана и почетна обука, Академијата согласно протоколите издадени од страна на Владата на Република Северна Македонија за заштита и спречување на ширење на вирусот Ковид 19, се труди истата да ја исполни во целост.  Во моментов во Академијата, се спроведува теоретската настава на почетна обука,  која ја следат  60 слушатели  на VII генерација на почетна обука на Академијата со физичко присуство, како и  прием на документи,  по оглас за  97  слушатели за VIII генерација на почетна обука на Академијата, со што просторните капацитети на Академијата во целост се исполнети.

Покрај тоа, Академијата се труди во соработка со меѓународни проекти и организации, со физичко присуство, согласно протоколите,  во мал број повремено, да организира обуки во рамките на Континуираната обука, со просторни капацитети, надвор од Академијата каде што бројот  на учесници е строго ограничен, согласно просторот  каде што се одржуваат обуките.

За таа цел Академијата, согласно законските обврски во рамките на  континуирана обука, да обезбеди доволен број на настани за ордржување на обуки,  како судиите и јавните обвинители би ги исполниле потребните денови на обука, согласно стажот кои го имаат,  паралелно на својата web страна и платформа  има развиено и поставено повеќе курсеви  кои можат да се следат online. Во моментов online курсеви кои судиите и јавните обвинители би можеле да ги следат се следните: Етика на судии, Азил и Миграција, Етика на јавни обвинители, Вести за борбата против тероризмот за и во врска со Балканот, ЗКП – Модул I Предистражна постапка, ЗКП – Модул II истражна постпака, ЗКП – Модул III Главна расправа,  ЗКП – Модул IV Забрзана постапка и ЗКП – Модул V Вонредни мерки  и воедно Ве покануваме помасовно да ги посетувате online обуките,  за што ќе Ви бидат евидентирани и денови на помината обука.

Најавата за online следење на посочените курсеви  кои се поставени на web страната и платформата на Академијата можете да ја реализирате следејќи ги следните чекори:

  1. За да се приклучите на online обуките, потребно е да кликнете на следниов линк:

http://elearning.jpacademy.gov.mk/login/index.php

  1. Откако ќе го отворите линкот, потребно е во полето User nameда ја внесете Вашата меил адреса, а во полето Password  да ја внесете лозинката. (Доколку имате проблем при најавувањето, слободно можете да не контактирате).
  2.  По ова, ќе се отвори прозорец со табела во  која има  колона Course name. Од  понудените обуки во колоната треба да кликнете на обуката којашто сакате да ја следите, согласно материјата на која работите.

Заради непречено и навремено информирање во однос на активностите кои Академијата ги реализира,  следете ја web страната на Академијата и facebook страната на социјалната мрежа, каде што постојано се објавуваат и ажурираат на дневна основа  сите активности кои Академијата ги превзема или тековно се реализираат. За следење на тековните online обуки кои ќе се одржат во месец октомври и ноември 2020 година Ве покануваме да се пријавувате за учество на следните термини:

ОКТОМВРИ 2020

  • 13 Октомври/ Процедурални заштитни гаранции во кривичната постапка и права на жртвите (оштетените) – Модул 4; (наменет за  судии од кривични оддели  и јавни обвинители од сите апелациони подрачја)

  • 14 Октомври/ Ажурирање на судската пракса: Најважните одлуки на Европскиот суд на правдата за управното судство (судска пракса од областа на државната помош);  (наменет за судии од Виш Управен и Управен суд)

  • 19 Октомври/ Процедурални заштитни гаранции во кривичната постапка и права на жртвите (оштетените) -Модул 5; ( наменет за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја)

  • 19-20 Октомври/ Член 8 од ЕКЧП- право на почитување на приватниот и семејниот живот; (наменет за судии од сите апелациони подрачја)

  • 19-20 Октомври/ Право на сопственост-напредно ниво; (наменет за судии кои учествувале на основната обука на истата тема)

  • 20 Октомври/ Ажурирање на судската пракса: Најважните одлуки на Европскиот суд на правдата за управното судство (судска пракса од областа на правото на заштита на околината); (наменет за судии на Виш Управен и Управен суд)

  • 26 Октомври/ Процедурални заштитни гаранции во кривичната постапка и права на жртвите (оштетените) -Модул 6(Серија 8 обуки); (наменет за Судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја)

  • 27  Октомври/ Ажурирање на судската пракса: Најважните одлуки на Европскиот суд на правдата за управното судство (судска пракса од областа на заштита на личните податоци); (наменет за судии  од Виш Управен и Управен суд)

НОЕМВРИ 2020 година

  • 2 Ноември/ Процедурални заштитни гаранции во кривичната постапка и права на жртвите (оштетените) – Модул 7 (Серија 8 обуки); (наменет  за судии од кривичните   оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја)

  • 9 Ноември/ Процедурални заштитни гаранции во кривичната постапка и права на жртвите (оштетените) – Модул 8 (Серија 8 обуки); (наменет за судии од кривичните   оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја)

Пријавувањето за сите настани судиите и јавните обвинители потребно е да го направат преку контакт лицето одредено за комуникација со Академијата, по претходно запознавање на претседателот на судот, односно јавниот обвинител на јавното обвинителство, електронски на официјалниот маил на Академијата info@jpacademy.gov.mk или на следните телефони: 02/2401-560; 02/2401-569; 02/2401-568; 02/2401 572 и 02/ 2401 578.