Известување

Ги известуваме сите кандидати кои се заинтересирани за објавениот јавен оглас за прием во почетна обука, а со цел олеснување на подготовката и поднесувањето на документите, за следното:
1.       За докажување на работното искуство на правни работи по положен правосуден испит, потребно е да се достави доказ од АВРМ или ПИОМ. Освен тоа за докажување на искуство во работата на правни работи, потребно е да се достави и потврда од работодавачот за работа на правни работи.
2.      Во поглед на лекарското уверение, истото треба да биде не постаро од шест месеци и издадено од д-р специјалист по медицина на трудот.
3.       Во однос на сертификатите/потврдите за работа со компјутери, се прифаќаат сите сертификати односно потврди.
4.      Кандидатите кои имаат завршено по ЕКТС програмата, потребно е да ги достават двете уверенија и дипломи –   од циклус – додипломски стидии и од II циклус – магистерски студии. Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно образование – VII/1 степен, потребно е да го достават тоа уверение и диплома.