Известување

Почитувани,

Согласно Препораките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, Академијата за судии и јавни обвинители ќе продоложи со истите мерки кои ги презема  во изминатиот месец март и ќе ги одложи сите активности кои се во нејзина организација се додека трае вонредната состојба.

За сите понатамошни чекори или евентуални промени Академијата ќе известува преку својата Веб страница, за таа цел Ве молиме редовно да ја следите.

Воедно, Академијата за судии и јавни обвинители на сите судии и јавни обвинители, како и на претставниците на правосудниот сектор им го честита 31 март Денот на правосудството.