Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2020/2022 година,
Ве известуваме дека изработката на базата со прашања за квалификцискиот тест е во завршна фаза и истата ќе биде објавена најдоцна за една недела. Би сакале да Ве замолиме за разбирање и воедно да Ви посочиме дека базата во голем дел ќе биде во рамките на моментално објавената.
Ревидирањето на базата кое е во тек се однесува на повлекување на прашања кои се вон Програмата за приемен испит, прилагодување на прашањата согласно измените на законите, како и делумно освежување на базата со нови прашања.
Исто така, во прилог ја објавуваме ревидирана библиографија за приемен испит во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев за 2020 година, во рамките на која ќе бидат прашањата за квалификацискиот тест. Истата можете да је преземете ТУКА.
Воедно, Ве известуваме дека во моментов Академијата е во фаза на подготовка на онлајн подготвителната настава за сите пријавени кандидати на огласот согласно член 63 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, која има за цел да Ви ја олесни подготовката за квалификацискиот тест и испитот. Во тек е процесот на регистрација на сите пријавени кандидати на огласот, на веб платформата на Академијата, за што секој пријавен кандидат на огласот, на мејл ќе добие корисничко име, лозинка и упатство за користење на платформата како би можел да ја следи подготвителната настава. За таа цел, Ве молиме да ја следите нашата веб страна како и вашите мејлови кои сте ги оставиле при пријавување на огласот.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
Директор
Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска