ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Бидејќи на често поставувани прашања веќе беше поставено прашањето во врска со тоа дали кандидати кои го полагале тестот за активно познавање на еден од трите најчесто  користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски) во рамки на претходниот оглас (за VII генерација слушатели) треба повторно да полагаат во рамки на огласот кој се очекува да биде објавен а исто така  добивме и официјално барање за издавање на потврда за положен тест за активно познавање на англиски јазик ве известуваме дека согласно член 58 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Управниот одбор согласно одлуките на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет на Република Северна Македонија донесува одлука за објавување на јавен оглас за прием на лица за полагање на приемниот испит.

          Притоа, напоменуваме дека приемниот испит за секој оглас се состои од полагање на:

  • тест за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски);
  • квалификациски тест,
  • психолошки тест,
  • тест за интегритет и
  • испит.

Во оваа насока ве информираме дека сите кои ќе се пријават на следниот оглас (за VIII генерација слушатели) ќе треба да ги полагаат сите фази од приемниот испит и еднаш положениот тест за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ не значи дека кандидатите се ослободени од полагањете на тестот за наредните огласи. Имено, Академијата не издава потврди за положен тест за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски), ниту пак за положен психолошки или тест за интегритет или за која било друга фаза од приемниот испит, туку сите лица пријавени на огласот ќе треба повторно да ги полагаат сите делови од приемниот испит во Академијата. По објавување на секој оглас, постапката започнува со административна селекција на пријавите па следи полагањето на приемниот испит кој се состои од повеќе фази кои се елиминаторни и на крај е селекцијата на кандидатите за прием во почетна обука во Академијата во согласност со објавениот оглас.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

Директор,

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска