ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Во пресрет на објавување на оглас за прием на нова генерација слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители,  Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители во рамки на седницата број 160 одржана на ден 21 јули 2020 година ја утврди Програмата за приемен испит за 2020 година.

Програмата во целост можете да ја погледнете на следниот линк: https://jpacademy.gov.mk/wp-content/uploads/2020/07/programa-za-priemen-ispit-2020.pdf

Сите заинтересирани кандидати, Ве повикуваме редовно да ја следите Веб страната на Академијата, бидејќи Академијата во престојниот период навремено ќе известува за огласот и сите фази поврзани со приемниот испит.

Со почит,

 

Академија за судии и јавни обвинители

                           Директор,

 Проф.д-р Наташа Габер Дамјановска