Известување

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019-2021,
 
Ве известуваме дека за полагањето на квалификацискиот тест, кое ќе се одржи на деновите во периодот од 10-14.09.2019 година, потребно е со себе да ја носите Вашата шифра и документ за идентификација.
Ве молиме да бидете присутни на Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’ Скопје минимум 30 минути пред Вашиот определен термин за полагање.
Упатството за полагање на квалификацискиот тест може да го преземете тука.
Ви посакуваме многу успех!