Известување

Со цел непречено одвивање на полагањето на тестот за познавање на еден од трите најчесто користените јазици на ЕУ, кој ќе се одржи на 26.08.2019 и 27.08.2019 година, Ве известуваме дека доколку имате било каков проблем со пронаоѓање на Вашата испитна шифра, термин за полагање и слично, Ви стоиме на располагање и слободно може да ги контактирате секретарот и заменик секретарот на Комисијата за приемен испит и за време на викендот, на следните телефонски броеви075/203-897 и 078/442-437.
 
Воедно, Ви напоменуваме дека термините за полагање се веќе утврдени, внесени во електронскиот систем и истите не е можно да се менуваат. Исто така, Ве потсетуваме дека неопходно е со себе да носите документ за идентификација кој ќе биде прегледан при влез на полагањето и ќе биде пред Вас за целото времетраење на полагањето
 
Со среќа!
 
Со почит,
Директор
Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска