Известување

Ги известуваме сите кандидати пријавени на јавниот оглас за прием во почетна обука 2019/2021, дека изработката на базата со прашања за квалификцискиот тест е во завршна фаза и истата ќе биде објавена најдоцна за една недела. Би сакале да Ве замолиме за разбирање и воедно да Ви посочиме дека базата во голем дел ќе биде во рамките на моментално објавената.

Ревидирањето на базата кое е во тек се однесува на повлекување на прашања кои се вон Програмата за приемен испит, прилагодување на прашањата согласно измените на законите, како и делумно освежување на базата со нови прашања.

Заедно со ревидираната база ќе објавиме и  ревидирана библиографија за приемен испит во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев за 2019 година, во рамките на која ќе бидат прашањата за квалификацискиот тест.

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Директор

Проф. д-р Наташа Габер Дамјановска