И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани,

Во пресрет на објавување на оглас за прием на VIII генерација слушатели во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители, ги известуваме сите заинтересирни кандидати кои претходно се јавиле на огласот за прием на слушатели во VII генерација на Академијата и чии документи се наоѓаат во архивата на Академијата, дека истите документи ќе бидат потребни и за новиот оглас.

Имајќи ја во предвид состојбата која е резултат на пандемијата предизвикана од COVID19, а воедно и трошоците на кои се изложуваат заинтересираните кандидати кои живеат надвор од главниот град, а сакаат да ги подигнат своите документи со цел истите да ги ажурираат и да се јават на новиот оглас, ве известуваме дека документацијата која е со рок и чија важност истекла (Лекарско уверение и Уверение за неизречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност) можете да ја дополните на денот на пријавување по официјалното објавување на огласот во Службен весник.

Воедно, сите заинтересирани кандидати кои аплицираат прв пат, Ве молиме навреме да ја подготвите вашата документација согласно член 57 од Законот за Академијата (Службен весник на РМ бр.20/2015, бр.192/2015, бр 231/2015 и 163/2018).

НАПОМЕНА: Академијата ќе изготви посебен Протокол за прием на документи согласно мерките и препораките на Владата на РСМ за заштита и ширење на вирусот COVID 19, и од таа причина ве известуваме навремено да ги подготвите сите потребни документи.