И З В Е С Т У В А Њ Е за сите пријавени кандидати на јавниот оглас за VIII генерација слушатели во почетна обука на Академијата

Почитувани кандидати,

Академијата за судии и јавни обвинители Ве известува дека на Веб страната на Академијата е објавена подготвителната настава која е наменета за сите пријавени кандидати на јавниот оглас за VIII генерација слушатели во почетната обука на Академијата.

За да пристапите до подготвителната настава ќе ви биде потребно корисничко име и лозинка кои ги имате на вашите е-маил адреси кои ги напишавте во вашите пријави при аплицирањето. Доколку немате добиено мејл ве молиме да ни се обратите на info@jpacademy.gov.mk, но пред да ни пишете ве молиме да ги проверите Junk I Spam во вашите мејлови. Заедно со корисничкото име и лозинката ќе ви биде доставен и прирачник, односно, упатство со цел полесно да пристапите до подготвителната настава.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители

                        Директор,

Проф.д-р Наташа Габер Дамјановска